Куманово го прескокна Гостивар на четвртото место на табелата откако „сино-белите“ вечерва лесно триумфираа на домашен терен против Кожув со 87-74. Гостите од Гевгелија влегоа во овој меч со серија од три победи, желни да останат во игра за влез во Супер-лигата, но немаа сили за изненадување против тимот што реално се покажа многу поквалитетен од нив.
Само пет минути игра беа доволни за кумановци да стигнат до своето прво двоцифрено водство (16-5), кое потоа дополнително го зголемуваа. Избраниците на тренерот Петровиќ одиграа феноменално во нападот во првото полувреме, за дваесет минути постигнувајќи дури 60 поени (60-32). Остатокот од мечот беше рутина за домашниот тим, кој лесно ја одржуваше позитивата, иако гостите со подобра игра во последната четвртина стигна до нешто попристоен пораз, изразен со конечните 87-74.
Стајиќ со 20 поени беше прв стрелец на победничкиот тим, во чии редови Мекиќ постигна 15 поени. Кај Кожув најефикасни беа Мишковиќ со 14 и Нацевски со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА