Со денешните последни две средби и официјално заврши главната групна фаза од Лигата на шампионите во ракомет за жени. Мец како домаќин славеше над Турингер со резултат 35-29, со што францускиот тим го освои второто место во групата зад Вардар, избирајќи на тој начин четвртфинален двомеч против ЧСМ Букурешт.
Ференцварош денеска неочекувано загуби на гостувањето во Германија против Битигхајм (27-23), со што унгарскиот вицепрвак падна на третата позиција, па за место на Ф4 во Будимпешта е се бори со Ростов од Русија.
Вардар со доминантна игра во текот на целата сезона е првопласиран во својата група, па „црвено-црните“ како големи фаворити влегуваат во двомечот со дански Митјиланд, кој едвај стигна до четвртото место во другата група. Во последната четвртфинална пресметка европскиот првак Ѓер ќе ги одмери силите со подмладениот состав на Будуќност.
Овие дуели ќе се играат во периодот од 6 до 15 април, кога ќе бидат познати четирите екипи кои во месец мај во Будимпешта ќе водат битка за европската круна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА