Новак Ѓоковиќ имаше неуспешен камбек на тениските терени, откако вечерва загуби од Јапонецот Таро Даниел во рамките од второто коло од турнирот во Индијан Велс. Србинот против себе го имаше 109. тенисер од најновата АТП-листа, но не успеа да ја мине оваа пречка пред се поради своето очајно издание и бројните неизнудени грешки.
Мечот почна одлично за Ѓоковиќ, кој направи брејк во раната фаза, а потоа имаше и сет-топка при водство од 5-2 што не успеа да ја искористи. Потоа дојде до голем пад во неговата игра, по што Даниел се врати, па преку тајбрејк стигна дури и до водство. Српскиот тенисер возврати израмнувајќи на 1-1, а потоа на стартот од третиот сет Ѓоковиќ не искористи две брејк топки. Тој потоа се спасуваше на свој сервис едвај стигнувајќи до гејм за 1-1 во третиот сет, за потоа Даниел целосно да ја преземе контролата и на крајот да триумфира со конечни 7-6, 4-6, 6-1, најголем триумф во неговата досегашна кариера.
Повеќе од јасно е дека Новак е предалеку од посакуваната форма, сосема нормално со оглед на предолгата пауза од терените во изминатиот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА