Новак Ѓоковиќ не го криеше разочарувањето по слабиот настап и заслужениот пораз на стартот од мастерс-турнирот во Индијан Велс, каде Србинот беше поразен од квалификантот Таро Даниел, моментно 109. тенисер на АТП-листата. Воедно, тој ја призна својата главна грешка, избрзувањето за камбек на терените кога не е максимално подготвен за такво нешто.
„Сакам да му честитам на противникот за борбата и извонредниот настап. Јас се чувствувам како да дебитирав на АТП-турнирите, целосно го загубив ритамот и не играв ни приближно на нивото што го посакував. Се мачев со здравјето во претходните седмици, па иако инсистирав да играм што побрзо, сега е јасно дека згрешив бидејќи се чувствувам многу лошо. Реалноста е дека не ни требаше да дојдам овде да играм, инсистирав бидејќи знам дека ми се неопходни натпревари, но очигледно е дека ќе мора да се кова нова стратегија“ – изјави Ѓоковиќ.
Останува да се види дали Србинот сега ќе се реши да настапи во Мајами, или ќе го откаже учеството на вториот Мастерс-турнир во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА