Никола Јурчевиќ ќе биде нов тренер на Динамо Загреб. Раководството на „модрите“ и официјално постигна договор со Јурчевиќ кој ќе го наследи Марио Цвитановиќ на клупата.
Јурчевиќ својата фудбалска кариера ја започна во Динамо на 18 години, а беше и репрезентативец на Хрватска, од 1990 до 1996 година.
И претходно беше тренер на Динамо Загреб во периодот од 2003 до 2004 година, а во тој период со „модрите“ го освои Купот на Хрватска и Суперкупот.
На чело на Динамо Загреб сега доаѓа од позицијата прв асистент на Славен Билиќ во англискиот премиерлигаш Вест Хем, а беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Хрватска во периодот од 2006 до 2012 година.
Официјалната промоција на Јурчевиќ на клупата на Динамо Загреб ќе биде утре од 13 часот во просториите на повеќекратниот хрватски шампион во Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА