Црвена звезда со триумф над Цибона со резултат од 107-69, го заврши регуларниот дел од сезоната во АБА – лигата. За рутинираната победа „црвено-белите“ не се намачија кој знае колку,бидејќи уште во водедните 10 минути остварија двоцифрена предност.
Звезда настапи без Перо Антиќ, аво текот на целата средба ја контролираше топката, додека предноста ја остварија пред се благодарение на цврстата одбрана и реализација за три поени, погодија рекордни 17 тројки од 29 обиди. Со постигнати 82 поени по веќе три четвртини јасно беше дека тимот кој го предводи Анте Назор ќе има непријатно гостување во „Пионир“.
Дилон Енис постигна 7/7 за три, заврши со вкупно 21 поени и се истакна како најефикасен играч од редовите на Црвена звезда, Добриќ додаде 18, Лесор 16 поени. За екипата на Цибона Домагој Бошњак реализираше 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА