Фудбалерот на Рома, Алесандро Флоренци, пред реваншот со Шахтјор во Лигата на шампиони истакна дека неговата екипа ќе го даде максимумот со цел да обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи во елитното натпреварување.
„Овој меч нема да ја дефинира нашата сезона, но дефинитивно е еден од најважните за нас. Секој од нас има желба да игра што повеќе во ЛШ, ќе се обидеме да го растовариме Алисон, да има што помалку работа, иако веруваме во неговите способности. Ќе мора да дадеме се од себе на теренот за да да исполниме цела и да обезбедиме позитивен резултат“, истакна Флоренци.
Рома загуби со 1-2 на првиот меч, па и минимална победа би значела пласман во следната рунда од најквалитетното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА