Американската тенисерки Венус Вилијамс ја победи својата сестреа Серена во третото коло на Индијан Велс (6-3,6-4) и обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот.
Сестрите Вилијамс имаат одиграно 29 меѓусебни дуели во кои Венус сега има вкупно 12 победи. Инаку, ова е прв триумф на Венус Вилијамс против Серена по четири години, од победата во Монтреал во 2014.
Претходниот меч американските тенисерки го одиграа во финалето на Австралија Опен минатата година кога Серена ја освои титулата, а потоа замина на подолга пауза поради бременоста.
„Не бев таа што го води мечот, туку само ги враќав топчињата“ – рече Венус поздравувајќи го враќањето на Серена во натпреварувачка форма.
Серена потенцираше дека и претстои уште многу работа за да се врати во старата форма.
„Долгата пауза си го направи своето, не играв подолго од една година. Не сум разочарана од поразот, но ќе лажам ако кажам дека не сакав да победам. Значи, пред мене е долг пат и јас му се радувам“ – порача Серена.
Следниот меч на Индијан Велс, Венус Вилијамс ќе го игра против Анастасија Севастова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА