Јувентус подготвува нови договори за ветераните Џорџо Кјелини и Аднреа Барѕалји. И на двајцата дефанзивци им истекуваат договорите по крајот на оваа сезона, но, ниту еден од нив не изрази шелба да го напушти Јуве и да бара нова средина.
Италијанските медиуми велат дека Кјелини веќе се согласил да ја обнови соработката потпишувајќи договор на неколку години, додека официјална потврда ќе следи во наредните денови. Кјелини претходно истакна дека сака да ја заврши кариерата во клубот од Торино, а Јуве со задоволство ќе му ја исполни желбата. За Барѕалји пак, „старата дама“ подготвува едногодишен договор со кој би останал во клубот до 2019 година.
Kјелини и Барѕалји играат заедно од 2011 година, командувајќи со одбраната на Јуве во тандем имаат освоено 13 трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА