Центарот на Цибона, Лука Жориќ, е добитник на признанието за МВП на регуларниот дел од сезоната во АБА-лигата. Долгогодишниот хрватски репрезентативец имаше доминантни настапи во дресот на Цибона, покажувајќи импресивни игри во текот на целата сезона.
Тој имаше највисок просек од индексни поени во текот на сезонава, во просек бележејќи 23,24 индексни поени по натпревар. Тој стигна до оваа бројка откако во просек постигнуваше по 19,7 поени, с7 скока, 1,6 асистенции и 1,1 блокада по натпревар.
Погледнете дел од најдобрите потези на Лука Жориќ во АБА-лигата оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА