Фудбалерот на Евертон, Гилфи Сигурдсон поради скинати лигаменти на десното колено ќе паузира од шест до осум недели. Најдобриот исладнски фудбалер, сепак, ќе биде фит за Светското првенство, големи се шансите да се врати на терените по завршувањето на натпреварувачката сезона, информира медицинскиот тим на Евертон.
„Повредата која Гилфи ја заработи на средбата против Брајтон изминатиов викенд, ќе го отстани од терените во следните шест до осум недели. Медицинскиот тим детално ќе го следи неговото опоравување, и доколку нема никакви компликации тој ќе се врати на терените најбрзо што може“, исткана Алардајс.
Цел Исланд стравуваше дека на дебитанскиот настап на мундијалот, нивната репрезентација ќе биде без најдобриот поединец во составот, но овие информации им будат надеж дека сепак Сигурдсон ќе ја предводи селекцијата. Исланд во групата Д ќе игра против Аргентина, Нигерија и Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА