Првиот светски рекет, Роџер Федерер, само од награди на турнири има заработено над 115 милиони долари по што е најуспешен во историјата на тенисот. Но, швајцарскиот тенисер своите деца ги учи да ги ценат парите и трудот и не сака тие да се навикнат на лесен живот.
Роџер Федерер и неговата сопруга, поранешената тенисерка Мирка Вавринец имаат четири деца, близначките Мајла и Шарлен (8) и близнаците Лео и Лени (4). Швајцаерскиот тенисер откри како неговите деца заработувале свои пари додека татко им настапува на турнирот во Индијан Велс.
„Децата продаваа лимунада на улица. Заработија 70 долари и тие ќе им останат. За ќал не можев да бидам со децата затоа што цел ден бев зафатен со обврски. Но, тие одлично се забавувале. Сите соседи се многу дарежливи кон децата, така што било многу интересно“ – вели Роџер Федерер.
Швајцарецот е прв носител на Мастерс турнирот во Индијан Велс, а вечерва во четвртфиналето ќе игра против Жереми Шарди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА