Челси се прости од Лигата на шампионите по синоќешниот пораз од 0-3 во Барселона. Менаџерот на лондонскиот тим, Антонио Конте, го призна поразот и истакна дека разликата меѓу двтаа тима ја прави еден играч.
„Лионел Меси ја прави разликата. Се работи за најдобриот играч во светот. Секоја сезона постигнува најмалку 60 гола. Тој не е само врвен играч, тој е супер играч и тој ја прави разликата во натпревари како овој“ – изјави Конте по натпреварот на „Камп Ноу“.
Освен пофалбите за Меси кој ги постигна првиот и третиот гол за Барса, италијанскиот тренер на клупата на Челси истакна и дека неговиот тим немал среќа во овој дуел со Барселона.
„Во вакви дуели мора да имате и среќа. Ние во двата натпревари, четири пати ја погодивме стативата, а Барселона беше клинички прецизна во завршницата. Ние создадовме многу шанси и не заслуживме да загубиме со 0-3. Но, ние ги испуштивме, а тие ги искористија шансите“ – додава Антонио Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА