Саутемптон избра нов менаџер: Марк Хјуз седнува на клупата

Англискиот премиерлигаш Саутемптон го именуваше Марк Хјуз за нов менаџер на тимот, откако претходно се раздели со Маурицио Пелегрино поради слабите резултати во изминатиот период. Хјуз се враќа во Премиер – лигата, а последен пат работеше во Стоук и доби отказ во јануари.

„Ова е голем предизвик за мене и се радувам што добивам шанса да бидам менаџер на респектабилен клуб од Премиер – лигата. Саутемптон има квалитетен тим, се надевам дека заедно ќе бележиме успешни резултати“, изјави Марк Хјуз по именувањето на новата функција.

Се вчитува...