Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер уште една покажа дека игра во животна форма. Федерер лесно се пласираше во четвртфиналето во Индијан Велс откако славеше против Французинот Жереми Шарди во два сета со 7-5,6-4.
Иако има 37 години, се чини дека Федерер доживува нова младост во тенисот. Потврди уште еднаш дека е еден и единствен, врзувајќи ја и 20-та едноподруго победа сметајќи ги и мечевите од Хопман купот.
Во четврфтиналето Швајцарецот сега ќе се соочи со незгодниот Хеон Чунг кого веќе го победи во полуфиналето на Австралија Опен.
Освен Федерер синоќа во следниот круг натпревари пласман обезбедија и Хуан Мартин дел Потро откако беше подобар од Аргентинецот Мајер со 2-1 во сетови, како и Сем Квери и Милош Раониќ кој без борба го доби мечот против Багдатис од Кипар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА