Иниеста: Понудата од Кина е сериозна, а во четвртфинале не сакам ривал од Шпанија

Андрес Иниеста беше презадоволен по одличната партија на Барселона и заслужениот пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Ждребот за четвртфиналето е закажан за утре, а шпанскиот генијалец има само една желба.

„Не би сакал да се сретнеме со Реал или со Севилја. Јасно ми е дека нема лесни противници, но не сакам ривал од Шпанија бидејќи премногу добро се познаваме“ – изјави Иниеста.

Воедно, асот на Барселона ги потврди гласините дека понудата за негов ангажман од Кина е многу сериозна, а тој наскоро ќе мора да донесе конечна одлука.

„Кинезите се многу сериозни во намерата да ме доведат во своите редови. Понудата е на маса, а јас имам рок до 30 април да пресечам, дали ќе останам во Барса или ќе заминам во Кина. Одлуката не е нималку лесна“ – вели Иниеста, кому му е јасно дека тешко се одбиваат 70 милиони евра за двогодишна авантура на Далечниот Исток.

Се вчитува...