Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје и на Куманово, Урош Луковиќ, е предводник на дрим-тимот на АБА-лигата за оваа натпреварувачка сезона. Луковиќ, кој со голем успех настапува за Морнар, доби најмногу гласови од тренерите заедно со Тејлор Рочести од Црвена звезда, а друштво во идеалната петорка на овие двајца врвни кошаркари им прават и Џанан Муса од Цедевита, Новица Величковиќ од Партизан и Немања Гордиќ од Будуќност.
Раководството на лигата донесе одлука во овој избор со 60% да учествуваат гласовите на тренерите, 30% да бидат земани во предвид гласовите на фановите, а преостанатите 10% се земени од гласањето на комисијата на АБА-лигата.
Интересно, во првата петорка на АБА нема место за Лука Жориќ, кој беше избран за МВП на регуларниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА