По елиминацијата на Манчестер јунајтед од Севилја во Лигата на шампионите, Жозе Мурињо е решен да направи сериозни промени во тимот за следната сезона. Португалецот уште пред реваншот со Севилја на сопствениците на клубот им открил дека сака четири нови имиња во клубот ова лето, а по елиминацијата, целиот процес околу доведувањето на новите засилувања е интензивиран.
Примарна цел на Мурињо е да ја засили задната линија на која моментно е задоволен само од играта на Ерик Баи. На таа позиција, тој планира Манчестер јунајтед да се засили со Самуел Умтити од Барселона и со Тоби Алдервајлд од Тотенхем.
Моментно проблем во таборот нa „црвените ѓаволи“ се и нарушените односи на Мурињо со Пол Погба. На „Олд Трафорд“ се надеваат дека тоа наскоро ќе се среди. Но, доколку не дојде до тоа, Манчестер јунајтед евентуалното заминување на Погба би го надоместил со ангажман на Марко Верати од ПСЖ. Исто така интересен трансфер во најава може да се случи и на релација Реал Мадрид – Манчестер јунајтед бидејќи желба на Мурињо е во својот тим да ги види Давид Де Хеа и Тони Крос.
По завршувањето на сезоната ќе се знае и точно колку од овие зацртани планови, Мурињо ќе успее да ги реализира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА