Додека медиумите ја разрешаваат иднината на Нејмар, најскапиот фудбалер на денешницата напорно работи за да биде „фит“ за мундијалот во Русија. Фудбалерот на ПСЖ објави видео на социјалните мрежи за да докаже дека слободното време го користи за работа на својата мускулатура, а не само за уживање на бразилското сонце заедно со неговата девојка Бруна.
Во меѓувреме Нејмар се опоравува од повредата на зглобот поради која нема да игра до мај, поточно до крајот на оваа сезона, но тоа не го спречува да ја проба теретаната во неговиот „рај“.
Шпекулациите околу неговата иднина очигледно воопшто не го засегаат, Нејмар не размислува за Реал Мадрид, а според тврдењата на неговиот татко, како и Ал Келаифи, тој е сосема посветен на ПСЖ, но пред се на своето оправување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА