Фудбалската репрезентација на Македонија в недела ги започнува подготовките за двата контролни натпревари против Финска (23. март) и Азербејџан (27. март) кои ќе се одиграат во Анталија, Турција. Познати се и стадионите каде ќе се одиграат двата дуели.
Нашата најдобра селекција натпреварот против Финска ќе го одигра на „Глорија арена“ во 17 часот по македонско време, додека пресметката против Азербејџан четири дена подоцна ќе се одигра на „Мардан арена“ исто така во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА