Швајцарскиот ас Роџер Федерер со триумфот над Хјон Чунг (7-5, 6-1) се пласира во полуфиналето на мастерс-турнирот во Индијан Велс и стигна до 16.победа оваа година, од исто толку мечеви. Со тоа го израмни и сопствениот рекорд од далечната 2006 година, кога исто така имаше 16 победи, без ниту еден пораз, на почетокот на годината.
Ова на 36-годишниот Швајцарец ќе му гарантира дека ќе остане на првата позиција на АТП – листата најмалку уште две седмици, а со тоа ќе оствари и уште еден рекорд – 308 седмици на врвот на светскиот тенис.
„Навистина играм одлично на почетокот на сезоната. Се надевам дека ќе продолжам до крајот на ваков начин овде во Индијан Велс. Во моментов сум максимално фокусиран на тениските настапи и уживам во својата игра. Можеби и затоа победите не изостануваат“, изјави Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА