Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски го постигна и својот десетти гол сезонава во дресот на Славен Белупо во хрватскиот шампионат.
Ивановски во 26. коло од Првата лига на Хрватска стрелаше во поразот на тимот од Копривница од 2-1 на гостувањето против Истра 1961. Македонскиот офанзивец погоди од пенал во 23. минута за водство од 0-1, но домашните со два гола во вториот дел стигнаа до триумфот.
Мирко Ивановски со 10 гола, во моментов е на третата позиција на листата на најдобрите стрелци во Хрватска зад Хабер од Ријека и Судани од Динамо Загреб кои имаат по 12 гола.
Славен Белупо е на 5. место на табелата со 31 бода, далеку од борбата за местата кои водат на европската сцена следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА