Блокотехна забележа очекувано лесно и убедлива победа на домашен терен против Карпош соколи (93-81), за зацврстување на втората позиција на дебитантот во елитното кошаркарско друштво. Разочарувачкиот пораз во БИБЛ од Рилски спортист беше експресно оставен зад себе, па домашниот состав уште од самиот почеток јасно стави до знаење кој е кој на денешниот натпревар.
За помалку од две и пол минути Блокотехна постигна дури 14 поени (седум од нив на Главчев), за водство од 14-1. Домаќините поведоа со 20-1, нешто подоцна и со 23-3, за првата четвртина да заврши со водство на Блокотехна од 30-10. Удобната предност му овозможи на тренерот Илиевски шанса да им даде и на дел од помладите кошаркари, а составот на Карпош соколи го искористи тоа и ја доби втората четвртина со 19-29. Свесни дека победата не им е доведена во прашање, домашните кошаркари рутински го контролираа резултатот во второто полувреме, на крајот триумфирајќи со конечни .
Ѓуроски и Боувен беа најефикасни со по 15 поени, Главчев и Лазаревски постигнаа по 10 за Блокотехна, додека најдобри стрелци кај Карпош соколи беа Спенс со 30 и Богдановски со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА