Македонскиот фудбалски стратег Ѓоко Хаџиевски со својот тим Ал Дафра оствари многу важен триумф во првенството на Обединетите Арапски Емирати. Ал Дафра на домашен терен го совлада Ал Васл, четвртопласираниот тим на табелата и со освоените три бода успеа да побегне од последното место, надвор од опасната зона.
Ал Васл прв поведе на овој меч со голот на Фабио Лима во 24.минута, но тимот на Ѓоко Хаџиевски возврати во второто полувреме. Исам Ел Адуа во 47.минута израмни на 1-1, а победничкиот гол беше дело на Алмеида Аилтон.
Ал Дафра од 75.минута играше и со играч помалку поради исклучувањето на Идармаки, но успеа да го сочува водството и да слави важен триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА