Италијанската Фудбалска Федерација го одреди 4 април за нов термин на големото градско дерби меѓу Милан и Интер. Овој дуел на „Сан Сиро“ требаше да се игра на 4 март, но беше одложен заедно со целокупната неделна програма поради шокантната смрт на Давиде Астори.
Денеска беше обелоденето дека пресметката на двата милански клуба ќе се одигра на 4 април во 18.30 часот, додека дел од останатите одложени натпревари ќе бидат на програмата еден ден претходно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА