Вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје повторно е во прекин, а овојпат судиите немаат намера да попуштат за мечот да продолжи додека не биде испразнета едната трибина – онаа каде се наоѓаат навивачите на МЗТ Скопје.
„Фемили Аеродром“ по неколку години пауза повторно дојдоа во „Градски парк“, но за жал најверојатно нема да можат да го проследат дерби дуелот до самиот крај. Причината е плукањето кон еден од судиите, по што арбитрите дефинитивно го загубија трпението.
Официјалниот спикер во салата објави дека за продолжување на натпреварот неопходно е трибината со гостински навивачи да биде испразнета, па останува да се види колку време ќе биде потребно за тоа да се реализира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА