Дерби натпреварот меѓу Работнички и МЗТ Скопје нема да продолжи денеска, туку ќе се доигра утре по одлуката на судиите мечот да не продолжи додека не бидат испразнети трибините во салата „Градски парк“.
По неколкуте опомени на трпението му дојде крај откако еден од арбитрите беше плукнат од страна на гостинските фанови, по што се побара празнење на таа трибина, а откако организаторите и полицијата не успеаја во тоа, беше донесена одлука мечот да биде прекинат до утре.
Како што информираа во салата „Градски парк“, мечот ќе продолжи утре во 18 часот, но без присуство на навивачи на двата тима.
Големото дерби е прекинато на 3:24 минути до крајот на третата четвртина, при водство на Работнички од 62-50.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА