Пелистер сосема заслужено ќе ја заврши Супер-лигата на првото место, откако битолскиот клуб вечерва триумфираше на гостувањето против Охрид со минимални 19-20. Битолчани експресно го оставија зад себе разочарувачкиот поаз во градското дерби со Работник, па пред се благодарение на одличното издание во одбраната стигнаа до цел плен на ова незгодно гостување. Пелистер имаше 18-20 на две минути до крајот, Охрид дојде на „минус еден“, имаше и напад за израмнување, но голманот Јовановски го спречи обидот на домаќините, осигурувајќи го првото место за „зелено-белите“. Јагуриновски со шест гола беше најефикасен кај победничкиот тим.
Младиот тим на Металург 2 триумфираше на пресметката против Борец со 30-26. Гошевски со седум и Костески со пет гола беа најдобри кај Металург 2, додека прв стрелец на Борец при денешниот пораз беше Павловски со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА