Дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје многу веројатно ќе биде и последен дуел што најтрофејниот македонски колектив ќе го игра во салата „Градски парк“, но денешните инциденти што придонесоа да дојде до прекин. Директорот при МКФ, Владимир Темелковски, во изјава за веб-страницата на куќата на кошарката, најави дека салата ќе биде ставена под ревизија, по што ќе биде дополнително донесена одлука дали Работнички ќе може да игра во оваа арена во Супер-лигата.
„Жалиме што однесувањето на поединци влиjaе на целокупната атмосфера и на љубовта кон кошарката што ја имаа поголемиот дел од посетителите што дојдоа в сала ова саботно попладне. Ќе бараме посебна одговорност од домаќинот и организатор на овој натпревар за недоволниот број редари и за организациските пропусти, но и сите заедно ќе мора поактивно во иднина да работиме на отстранувањето на хулиганството и на неспортското навивање од спортските терени. Безбедноста на сите инволвирани страни (играчи, судии, публика, полиција) е на приоритетно ниво и жално е кога толеранцијата се смета за слабост и се злоупотребува. Салата ќе биде на ревизија и дополнително ќе донесеме одлука дали ќе се продолжи да се игра кошарка во „Градски парк“. – истакна спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА