Чавдар Костов можеби е најдобар стрелец на дербито, но клучна улога сепак одигра Димитар Мираковски. Искусниот плејмејкер влезе во игра при „минус пет“ на Работнички во првата четвртина, веднаш постигна тројка и потоа играше беспрекорно до самиот крај. Впрочем, за неговиот придонес најдобро говорат бројките, постигна 16 поени без промашување (2/2 за тројка, 3/3 за два поени, 4/4 за слободни фрлања), надополнети со девет асистенции, еден скок и една украдена топка.
„Сега се шегувавме во соблекувална дека сме искусни за вакви ситуации, бидејќи лани игравме пред празни трибини со Карпош соколи, а дел од нас и претходно настапувале во „Градски парк“ без гледачи. Знаевме дека не смееме да се залажуваме со тие 12 минути предност, корегиравме некои работи во однос на она што го одигравме вчера и заслужено победивме“ – истакна Мираковски по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА