Колку и да беше мрачна атмосферата при вчерашниот прекин и здодено при денешното продолжение, еден факт е јасен – Работнички делуваше пресилно за МЗТ Скопје.
Куп-поразот ги разбуди Докузовски и неговите избраници, а присуството на Гинјард дефинитивно беше значаен фактор. Работнички покажа зошто важи за фаворит за титулата, потврдувајќи дека неслучајно има 19 победи во низа, додека пред МЗТ Скопје е сериозен предизвик, да најде начин да го запре големиот ривал кога тоа ќе биде најважно – во плејофот.
Секако, отсуството на Бојан Трајковски имаше свое влијание врз играта на актуелниот првак, но немоќта во одбраната е нешто за што Лукајиќ ќе мора час поскоро да најде одговор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА