Црвена звезда во голем стил ја стартуваше полуфиналната серија со Морнар, со триумф од убедливи 91-63 покажувајќи зошто важи за главен фаворит во АБА-лигата и оваа натпреварувачка сезона. Бранителот на трофејот уште во раната фаза на натпреварот се одлепи, во 9. минута стигнувајќи до првата двоцифрена предност (22-11).
Како што одминуваше времето, така и позитивата на „црвено-белите“ се зголемуваше. На одмор се замина со резултат 41-22, а Перо Антиќ и соиграчите не застанаа тука, продолжија да доминираат до самиот крај и на крајот славеа преубедлив триумф од 28 поени разлика.
Македонскиот интернационалец имаше скромен ефект од пет поени и два скока за дванаесет минути игра. Најефикасен кај Црвена звезда беше Фелдеин со 23 поени, додека прв стрелец на Морнар на денешниот натпревар беше Нидам со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА