Македонскиот фудбалски интернационалец Агим Ибраими се враќа во својата поранешна форма. Тој сега го носи дресот на словенечкиот прволигаш Домжале и денеска го постигна својот прв гол во новиот клуб во словенечкото првенство.
Ибраими беше стрелец на шестиот гол за Домжале во триумфот од 6-1 против Алуминиј, а успеа да реализира и една асистенција на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА