Реал Мадрид оствари нова победа во Ла Лига, а во главна улога беше Кристијано Роналдо, кој постигна четири гола. „Кралевите“ ја совладаа Џирона со 6-3 на „Сантијаго Бернабеу“ и приредија шоу за своите фанови.
Роналдо го отвори резултатот, но Стуани со удар со глава успеа да израмни и Џирона замина без негатива на полувремето. Сепак, во второто полувреме, Кристијано Роналдо постигна уште три гола, а во листата на стрелците за „кралевите“ се запишаа и Лукас Васкез и Герет Бејл. За Џирона двоен стрелец беше Стуани, а погоди и Хуанпе во финишот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА