АБА: Будуќност поведе, Чери е трагичарот на Цедевита

Будуќност стигна до почетна предност од 1-0 во полуфиналната серија против Цедевита, откако црногорскиот првак вечерва го доби трилер-дуелот со шампионот на Хрватска со минимални 84-83.

Мечот беше максимално израмнет, исполнет со бројни пресврти, а Цедевита беше поблизу до победата влегувајќи во последните две минути со водство од 77-81. Американецот Чери, кој дотогаш беше најдобар поединец на хрватскиот тим, се претвори во трагичар откако промаши две слободни фрлања на десетина секунди до крајот при резултат 82-83. На спротивната страна Гордиќ беше два пати прецизен од линијата, по што Чери го промаши и последниот шут, за огромна радост на домашните навивачи во Подгорица.

Немања Гордиќ со 23 поени му пресуди на својот поранешен клуб, Гибсон постигна 16 поени за Будуќност, а најдобар срелец на Цедевита беше трагичарот Чери со 24 поени.

Се вчитува...