Реал Сосиедад му даде отказ на Еузебио Сакристан

Шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад се раздели со досегашниот тренер Еузебио Сакристан. По вчерашниот пораз од Хетафе (1-2) на „Аноета“, раководството на клубот одлучи да му даде отказ на тренерот кој го предводеше баскискиот клуб и во Скопје во Лигата на Европа, против Вардар.

Тренерот на младинскиот тим, Иманол Алгуасил, треба да ја води екипата на Реал Сосиедад до крајот на шампионатот во Ла Лига.

Се вчитува...