Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе се обиде во летниот преоден рок да го доведе на „Енфилд роуд“ германскиот интернационалец Џулијан Дракслер од францускиот Пари Сен Жермен. Тој се споменуваше како можно засилување за Арсенал, но оваа зима сепак остана во Париз, а најверојатно ќе мора да си замине по завршувањето на сезоната.
ПСЖ ќе мора да продаде неколку квалитетни фудбалери за да ги задоволи строгите правила на ФИФА околу финансискиот фер-плеј, а Ливерпул таму ја гледа шансаата за да го купи Дракслер. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, верува дека Џулијан Дракслер одлично би се вклопил во неговиот состав и би комплетирал навална супер-четворка, заедно со Салах, Мане и Фирмино.
Ливерул е подготвен да плати околу 35 милиони фунти за ангажманот на Дракслер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА