Актуелниот светски шампион и бранител на титулата во Формула 1, Луис Хамилтон, во новата сезона ќе вози во „одело“ поскапо од 100 милиони фунти. Поточно, спонзорите кои платија нивниот бренд да биде ставен на скафандерот од Британецот, изнесуваат вкупна вредност од 112 милиони фунти.
Четирикратниот светски шампион ќе ја започне својата 12. сезона во формула 1 шампионатот, Хамилтон се смета за фаворит за освојување, односно бранење на светската титула. Доколку 33-годишниот возач ја одбрани титулата, ќе ја собере петтата титула во својата кариера и ќе му до доближи на на само две титули, на најтрофејтниот возач во историјата, Михаел Шумахер.
На скафандерот се наоѓаат повеќе од 10 спонзори, меѓу кои најмногу пари носат „Петронас“ – 50 милиони фунти, затоа што се главниот партнер на тимот на Мерцедес. Автомобилската компанија „Мерцедес – Бенз“ исплаќа 30 милиони фунти, а меѓу останатите популарни брендови се компанијата за брендирана облека „Томи Хилфигер“, фирмата за спортска опрема „Пума“ и „Монстер“ енергетскиот пијалок.
Хамилтон во текот на следните недели треба да потпише нов три-годишен договор со тимот на Мерцедес вреден 120 милиони фунти (40 милиони фунти по сезона), бидејќи неговиот сегашен договор истекува по завршувањето на сезоната која ни претстои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА