Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг во Анталија, во пресрет на пријателските натпревари против Финска (23.март) и против Азербејџан (27.март), кои ќе бидат и главните тестови пред стартот на новоформираното натпреварување, Лигата на нации. Селекторот Игор Ангеловски веќе ги има на располагање најголемиот дел од фудбалерите, предводени од капитенот Горан Пандев, кој денеска допатува и веднаш се стави на располагање на националниот тим, откако синоќа играше за Џенова на дуелот против Наполи во Серија А.
Во текот на вечерта А-репрезентацијата ќе се комплетира и од утре се очекува да биде во комплетен состав. Селекторот Ангеловски ќе има на располагање три дена до првиот тест со Финска, за да ги воигра тактичките замисли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА