Јапонската тенисерка, Наоми Осака ја елиминира Серена Вилијамс во 1.коло на Мастерс турнирот во Мајами. Осака славеше лесна победа во два сета, со 6-3, 6-2.
По едногодишна пауза по породувањето, Серена пред десетина дена се врати на тениските терени и настапи на турнирот во Индијан Велс каде беше поразена во 3.коло од нејзината сестра Венус. На тој настап се покажа дека некогаш најдобрата тенисерка во светот се уште е далеку од старата форма. Тоа се потврди и на првиот меч во Мајами на кој Серена Вилијамс беше немоќна против извонредната Јапонка на која и требаа само еден час и 18 минути за да забележи сигурна победа во два сета.
Следна противничка на Осака ќе и биде четвртата носителка, Елина Свитолина.
Покрај Осака, пласман во второто коло во Мајами обезбеди и Белорусинката Викторија Азаренка. Таа на стратот беше поуспешна од Американката Кетрин Белис со 2-0 по сетови. И за Азаренка која моментно се наоѓа на 186.место на ВТА листата, ова е повратничка сезона по тешката повреда на раката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА