Атлетико Мадрид полека ја прифаќа судбината дека Антоан Гризман по оваа сезона ќе заигра за нов клуб, најверојатно тоа ќе биде Барселона, но Симеоне очекува да доведе и повеќе од адекватна замена за Французинот. Имено, „јорганџиите“ веднаш ќе ги вложат средствата од продажбата на Гризман, па ќе понудат 120 милиони евра за фудбалерот на Јувентус Пауло Дибала.
Средбата помеѓу Диего Симеоне и Пауло Дибала во Мадрид не била само обична дружба, повеќе од очигледно е дека „Ел Чоло“ подготвува некакво изненадување за следната сезона. Фудбалските медиуми веќе раширија шпекулации за нивната средба, дека се работи за преговори за ангажман, иако овој можен трансфер звучи како невозможна мисија.
Аргентинскиот „дијамант“ игра одлично во дресот на Јуве и покрај потешкотиите кон почетокот на сезонава, на 35 меча во сите натпреварувања постигна 21 погодок, а на средбата против Тотенхем, како и да други претходно во Италија, докажа дека е играч кој може да одлучува натпревари. Кај Алегри е незаменлив, а челниците на клубот инсистираат дека за него нема цена, па токму затоа трансферот во Атлетико се чини невозможен.
Воедно, Атлетико ќе има и огромна конкуренција за потписот на Дибала. Ако тој одлучи да замине од Торино, гигантите како ПСЖ, Сити, Јувентус и Реал Мадрид веднаш ќе се впуштат во наддавање за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА