Златан Ибрахимовиќ официјално повеќе не е фудбалер на Манчестер јунајтед, соопшти британскиот клуб на официјалниот профил на Твитер. Шведскиот фудбалер го напушта „Олд Трафорд“ по само пет одиграни натпревари во оваа натпреварувачка година. Ибрахимовиќ кој лани беше најдобар фудбалер на Манчестер јунајтед, во април 2017 година доживеа тешка повреда на коленото и потоа имаше долго отсуство од терен.
Тој за „црвените ѓаволи“ одигра 53 официјални натпревари и постигна 29 гола и 10 асистенции. Ибрахимовиќ со Манчестер имаше договор до крајот на сезоната, но двете страни се договорија за предвремено прекинување на соработката.
Легендарниот шведски фудбалер ја заврши репрезентативната кариера, но според некои шпекулации тој би можел повторно да го облече националниот дрес и да настапи за Шведска на Мундијалот во русија.
На клупски план, како следна дестинација на Златан Ибрахимовиќ се споменува САД и тимот на ЛА Галакси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА