Милевски полуде: Судијата не дозволи измена – Русија даде гол (ФОТО)

Македонскиот селектор Боби Милевски имаше право да биде бесен на романскиот судија Фесник Хоратиу, чија одлука им овозможи на руските младинци да постигнат погодок во 94. минута и да стигнат до победа во Скопје над нашата национална селекција.

Милевски имаше планирано да ја изврши својата последна замена во судиското продолжение, за фудбалерите да земат здив со оглед на фактот дека се играше при силен снег. Иако имаше прекин Романецот не дозволи замената да биде извршена, се со цел мечот час поскоро да заврши, а Русија го искористи тоа и со удар од далечина во 94. минута стигна до победата.

Селекторот на нашата младинска репрезентација по мечот остро реагираше на ваквата одлука на судиите, свесен дека мечот најверојатно ќе завршеше 3-3 доколку замената беше извршена. Сепак, се случи спротивното, а останува само бесот од судиската неправда и разочарувањето од конечниот исход.

Се вчитува...