Металург сепак е моќен на македонска сцена (фотогалерија)

Стартуваа возбудувањата во ракометниот плејоф, а Металург веднаш стави до знаење дека и со овој состав е подготвен да атакува на висок пласман на македонската ракометна сцена. Пролет немаше сили за изненадување, „металурзите“ предводени од репрезентативецот Кузмановски покажаа надмоќ и заслужено триумфираа.

Нема дилеми, Вардар е апсолутен фаворит за титулата, Металург овојпат ќе има потешка задача за одбрана и на втората позиција, но тимот на Јовиќ со денешното издание уште еднаш јасно стави до знаење дека поседува и квалитет и карактер за да игра ракомет на највисоко ниво.

 

Се вчитува...