ЕКИПА во Белек,
Никола Ѓуровски
Турскиот туристички центар Белек е неверојатен, нуди фантастични услови за престој и тренинзи, па фудбалерите во комплексот „Глорија Спортс центар“ се и во голферски филм. Со колички за голф доаѓаат на тренинг, до терените кои се оддалечени на околу пет минути одење. Со голферските колички, две-три минути возење и се разбира, шега и меѓусебно тркање.
Прв доаѓа селекторот Игор Ангеловски со својот стручен штаб. Возат најискусните…Зад воланот е и капитенот Горан Пандев, а една ’делегација’ предводеше и Стефан Спировски. Тој се гледа дека му фали уште малку искуство, оти за малку ќе прегазеше дел од новинарите кои стоеја исчекувајќи ги победниците на оваа голферско-фудбалерска трка.
Малку шега и насмевки секако не се на одмет, се додека не почне сериозната работа на тренингот, под раководство на селекторот Игор Ангеловски. При загревањето, „командант“ е кондицискиот тренер Иван Јовановски – Карас. Голманите си се посебна приказна, под палката на Гого Јовчев…
И така, малку голф, малку фудбал, во исчекување на дуелот со Азербејџан…А, и не мора да сме толку„фини“ како со Финска…Може и да ги победиме!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА