ЕКИПА во Белек,
Никола Ѓуровски
Финска помина без гол во мрежата (0-0) на првиот тест на оваа мини – турнеја на македонската фудбалска репрезентација во Турција, но затоа се очекуваат погодоци и триумф против Азербејџан, на вториот пријателски натпревар во вторник. Тоа го потврдува италијанскиот тандем од Палермо, Илија Несторовски и Александар Трајковски. Се разбира, многу работи токму од нив ќе зависат, кога се во прашање головите.
„Овие пријателски натпревари ги сфаќаме максимално сериозно. Одигравме квалитетен меч против Финска, која сепак е селекција за респект, а сега сме фокусирани на вториот дуел со Азербејџан. Само триумф ни е во мислите и ќе сториме се за да го добиеме дуелот во вторник. Иако се работи за пријателски мечеви, ние приоѓаме апсолутно сериознои рамислуваме победнички. Искрено, не размислуваме за противникот, најважно е ние како ќе одиграме“, изјави Илија Несторовски.
Александар Трајковски се надоврзува на својот колега од Палермо. Вели дека Македонија е поквалитетна селекција и тоа треба да се докаже на теренот.
„Имаме одлични услови за подготовки овде во Турција и се трудиме тоа максимално да го искористиме. Одигравме цврст натпревар против Финска, а сега очекуваме и победа против Азербејџан. Поквалитетни сме, и тоа ќе треба да го покажеме и на теренот“, истакна Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА