По поразот од Порториканката Моника Пуиг на Мастерсот во Мајами, Каролина Вознијацки преку соопштение се огласи за случувањата на турнирот во САД. Вознијацки изнесе шокирачки информации за се што се случувало кон неа на мечот против Пуиг од страна на нејзините поддржувачи…
„Пред неколку дена загубив тежок дуел од одлична противничка и голема моја пријателка. Свесна сум дека тенисот е игра на победи и порази. Сепак, за време на мечот лица од публиката ми се закануваа со смрт, мене и на моето семејство, им се закануваа со убиство на татко ми и мајка ми а мене ме нарекуваа со погрдни имиња. Со жестоки вулгарности се обраќаа и до внучето на мојот вереник кое има само 10 години“ – вели Вознијацки во своето соопштение и продолжува:
„Лицата од обезбедувањето ништо не презедоа сето тоа да го спречат. Туку ми беше кажано дека сето тоа е нормална работа. Секогаш ги поттикнувам навивачите да ги бодрат своите миленици и чезнеам за добра атмосфера на терените. Но, само ако не бидат поминати границите на сето тоа. Се надевам дека организаторите во Мајами ќе преземат сериозни чекор на овој план, затоа што ова е еден ужасен пример кој ги брка тенисерите од тој турнир“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА