Капитенката на македонската женска репрезентација Елена Ѓорѓиевска е секако задоволна од двете победи против Фарските острови во квалификациите за ЕП 2018, но вели дека сето ова треба да биде само преодно скалило кон сето тоа што вистински го посакуваме од овој квалификациски циклус, а тоа се победи во јуни против Шведска и Србија. И покрај тоа што двете селекции и тоа како ја носат фаворитската улога против Македонија…
„Убаво е што врзавме две победи во овие квалификации, но мора да признаеме дека имавме и многу грешки во играта на денешниот меч. Дозволивме противникот во одредени моменти да не ‘успие’, да ја прифатиме нивната игра што беше грешка. Како и да е, извојувавме победа што е најважно. Има и време до јуни, период за корегирање на недостатоците во играта, и искрено се надевам дека тогаш на дуелите против Србија и против Шведска ќе се случи нешто кое сите ние го сакаме а тоа се победи против силни репрезентации. Долго време живееме сите ние за еден таков резултат“ – ни изјави капитенот Елена Ѓорѓиевска по денешната победа над Фарските острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА