Срби го прекинаа мечот на Косово во Париз… (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар меѓу Косово и Мадагаскар кој изминатиов викенд се играше во Париз го одбележа инцидентот кога група од десеттина Срби, Романци и Грци од Париз влетаа на терен со транспаренти „УЕФА поддржува тероризам“ и „Нема предавање“ и го прекинаа мечот.

Натпреварот беше прекинат се додека полицијата не ја отстрани групата од терен.

Изминатиов викенд во Белград и во Крагујевац беше спречено одигрување и на квалификацискиот ракометен турнир за Светското женско кадетско првенство на кој исто така требаше да учествува селекција на Косово.

Се вчитува...