Тренерот на Јувентус Максимилијано Алегри, ја доби наградата за најдобар тренер во Италија за 2017 година. Алегри сега има три одличја за најдобaр тренер и се изедначи со Антонио Конте, Марчело Липи и Фабио Капело.
50-годишниот стратег доби повеќе гласови од тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини, кој беше втор на оваа листа, додека за трет најдобар тренер беше избран предводникот на Наполи Маурисио Сари.
Во изминатата сезона Алегри го предводеше Јувентус до шестата последователна титула во Серија А, како и третиот трофеј во низа во италијанскиот Куп, додека во Лигата на шампиони Јуве успеа да стигне до големото финале каде претрпе пораз од Реал Мадрид од 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

